Македонија
19. April 2016 - 17:03

Протестите на ГДОМ далеку помасовни - за во четврток се најавува најмасовниот протест досега за избори и крај на кризата

Граѓаните со убедлива поддршка и во поголем број кажаа Да за избори на 5 јуни. Битола, Штип, Велес масовно рекоа НЕ за сценаријата за продолжување на кризата и бескрајната агонија во Македонија. Во Велес вчера имаше три пати повеќе граѓани на улицата кои сакаат со избори да заврши наметната криза отколку од оние кои протестираа поддржани од СДСМ, СОРОС. Во Штип пак за поддршка на ГДОМ и избори на 5 јуни  10 пати повеќе народ од оние кои протестираат против. Соодносот во Битола пак беше 4 спрема 1 што говори дека за избори се мнозинството од граѓаните од цела МАкедонија. 

Граѓаните упатија порака и до СДСМ и до нивните соросови платеници дека арената за решавање на кризата се  изборите, а не држењето на народот и земјата во заложништво затоа што СДСМ се плаши од избори. ГДОМ најавија масовен протест во четврток пред Собранието каде ќе излезат илјадници граѓани од цела МАкедонија.

Во Скопје во поддршка на СДСМ, СОРОС и  демонстрантите вчера излегоа и од албанското движење БЕСА. За во петок протест најавија и ветераните од УЧК . ОД ГДОМ апелираат на мирен протест и се надеваат дека како и до сега така и во петок, бесот и гневот кај граѓаните против оние кои удрија веќе еднаш по државата нема да ескалира на улиците.

Против сценариотот на опозицијата и сорос за дестабилизација и обидот за поделба на државата реагираа и истакнати аналитичари и новинари меѓу кои и Васко Ефтов. Тој на својот ФБ профил алудирајќи на растурената држава Југославија за што заслужни беа внатрешни структури за кои Ефтов вели државата не беше отпорна на роварењето и неможеше да го издржи тестот на времето дека се наоѓа на патот на Истокот и Западот, прави споредба со денешните случувања.

- Сега живееме во друга држава-наша држава која сме ја немале со векови и која ја сакаме исто ако не и повеќе од таа која ни се растури пред 25 години. И пак ја роварат внатрешни паразити и пак ја газат бидејќи се наоѓа на таа линија на фронтот меѓу големите сили и нивните зони на влијание. Ќе биде голем луксуз за нашиот опстанок ако си дозволиме во четврт век или во 25 години два пати да дозволиме да ни ја растураат државата разни платенички орди, напиша Ефтов на Фејсбук.