Македонија
10. May 2016 - 23:14

Протести во Скопје – главна мета зградата на УЈП

Зградата на Управата за јавни приходи вечерва беше главна мета на демонстрантите на СДСМ и СОРОС.

Со балони и пластични пушки полни со боја учесниците на протестот ги офарбаа прозорците и фасадата и на оваа државна институција.

Дел од нив носеа и маски на лицата со цел да го сокријат својот идентитет.

Протестот и вечерва почна пред Специјалното јавно обвинителство, продолжи кон Собранието, а заврши пред Управата за јавни приходи. Овој пат демострантите беа придружени и од комбе со звучници од кое се пуштаа револуционерни песни.

Главна тема на протестот беше јавниот долг, а со транспаренти борбата продолжува, демонмстрантите најавија дека протести ќе се одржат и утре. Тие бараат повлекување на одлуките за аболиција и избори на 5 јуни, као и оставка на претседателот Ѓорѓе Иванов.