Македонија
30. April 2017 - 16:32

Протести против човекот кој ладнокрвно уби куче со секира

Со свирежи и скандирање Убиец, Монструм, околу стотина граѓани и активисти за права на животните се собраа пред домот на  скопјанецот  кој вчера во Дебар маало со секира усмрти куче. Дел од присутните пред неговиот дом на улица Пириснска дојдоа и со своите миленичиња.  Од здружението за заштита на животните побараа од надлежните сторетелот  да биде казнет.

По низата реакции, свој допис испрати и сторителот.

Пред еден месец истото куче  кое не беше со ништо предивзикано ме нападна но за среќа без последици. Една недела потоа на ист начин беше нападнат  и мојот брат кој заврши во болница. Во меѓувреме повеќе пати е контактирана и службата и полицијата и бидејќи кучето нема стопат не беше пратена ниту шинтерска служба.  Вчера беше нападнат и мојот 86 годишен татко. Помислсив дека после сите тие напади следни можат да бидат и нашите деца, по што го извршв делото од кое сега се срмама. Сетоа ова е покрепено и со медицинска белешка и полициска документација и докази, се вели во допосот на сторителот.

Инцидентот се случил вчера попладне. Отакако случајот бил пријавен во полиција, скопјанецот бил приведен. По неговата изјава тој бил пуштен. На социјалните мрежи вчера се појавија снимки и фотографии од  кучето кое лежи на троторот во локва крв, додека група граѓани се расправаат со напаѓачот кој се брани дека во повеќе наврати бил нападнат од истото куче.

Кучето се викало Идриз бил локален миленик ги имало примено потребните вакцини. И како што велат  од здруженијата за заштита на животни наскоро требало да добие и свој дом.  Тие очекуваат одговроните да ги превземат сите потребни мерки за овој случај.