Loading Video...
Свет
8. March 2018 - 23:10

Протести на жените ширум светот по повод Меѓународниот ден на жената

Живееме во свет во кој доминираат мажите,но сега е време за родова рамноправност изјави генералниот секретар на ОН Гутерeш по повод Меѓународниот ден на жената.  Во видео пораката објавена на официјалниот твитер профил  на организацијата. Гутереш  порачува и  дека Он треба да бидат пример за родова рамноправност. По повод 8 март  низ повеќе држави во светот жените протестираа за родовата нерамноправност.

- Тоа ме лути што треба да протестираме и да одиме на штрајк. Верувам дека во 21 век, оваа борба треба да е зад нас.

Феминистичките групи пак  ги повикаа жените денеска да ги запостават  домашните работи.

Без чистење, без готвење,

Без пеглање, без чистење на куќата, дури ни шопинг.

Мажите можат да го направат тоа.