Македонија
13. March 2017 - 20:50

Протестен марш во Охрид за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“

Граѓани на Охрид и вечерва излагоа низ улуците на градот со марш да ја поддржат иницијативата „За заедничка Македонија“, изразувајќи ја својата загриженост за иднината на државата и за зачувување на унитарноста на Република Македонија.

- Тука сме и денеска да ги потсетиме оние кои сакаат да и наштетат на Македонија, а на сите политичари кои го омаловажуваат народот, кои сервираат постизборни платформи за кои народот не беше прашан на последните избори, да им кажеме дека ќе се бориме до крај, до отфрлање на тиранската платформа и организирање нови парламентарни избори, изјави во име на граѓаните Горан Патчев.

Протестите, како и претходните денови започнаа на плоштадот кај охридската гимназија, за маршот низ централниот градски улици да заврши на Градскиот плоштад.