Македонија
2. March 2017 - 21:33

Протестен марш во Неготино за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“

Граѓани од Неготино вечерва, со протестен марш, дадоа поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Маршот почна од Градскиот парк, а граѓаните, како што рекоа, се залагаат за почитување на Уставот и зачувување на унитарниот карактер на државата. Тие се против платформата изготвена во туѓа држава со која, истакнаа, се поткопуваат темелите на македонската државност. Кажаа „не” за двојазичноста и за кантонизација на Македонија.

- Некои домашни слуги повторно помагаат за разнебитување на државата со прифаќањето други платформи исконструирани во други земји. На овој протестен собир сакаме да кажеме - доста е од сите предавства, доста од е уништување на Македонија. Да му дадеме поддршка на претседателот Иванов за да го зачува уставниот поредок, рече Блаже Лазовски, пензиониран професор по историја.

Според актерот Петар Темелковски, и тие неколку амбасадори во Македонија треба да знаат дека во светите книги е нашиот тестамент уште пред две илјади години.