Македонија
18. April 2017 - 20:57

Протестен марш на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Кавадарци

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва организираше протестен марш во Кавадарци.

Пред присутните говореше актерката Милица Гочевска. Таа рече дека се протестира повеќе од 50 дена во повеќе од 30 - 40 градови во Македонија.

- Се среќаваме и мирно протестираме против се она што сакаат да ни го наметнат. Ама нема да дозволиме. Ние сме Македонци и Македонци остануваме, нагласи таа.

Нема да се дозволи, додаде, никој да ни ја избрише химната, јазикот и името.

-Со никакви надворешни убедувања мораме цврсто да застанеме и да се избориме ако не со друго, тогаш со парламентарни избори. Сметам дека сме доволно силни да го зачуваме ова парче земја за кое нашите предци го дадоа својот живот. Македонија и ништо повеќе, рече меѓу другото Гочевска.