Македонија
25. April 2016 - 19:09

Протест во Скопје на граѓанската иницијатива „Протестирам“

Во организација на Граѓанската иницијатива „Протестирам“ вечерва почна протестот пред Специјалното јавно обвинителство.

Протестот од пред СЈО низ центарот на Градот продолжи кон Собранието на Република Македонија. 

Од „Протестирам“ ги повторија барањата за повлекување на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција, за негова оставка, повлекување на одлуката за избори на 5 јуни и формирање експертска влада.