Свет
23. April 2017 - 9:58

Протест во Париз пред првиот круг од изборите

Припадници на бројни организации и цивилни групи синоќа во Париз одржаа протест против „политичкиот маскенбал“, ден пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори во Франција, јави ТАСС. 

Француската полиција морала да употреби солзавец откако демонстрантите фрлиле димна бомба. 

Демонстрантите не ја прифаќаат политиката што ја водат кандидатите кои имаат предност според анкетите. 

Протестот го организирале околу 70 групи, а учествувале околу 2.000 лица.