Македонија
11. January 2018 - 23:14

Протест пред Собранието поради Законот за јазиците

Група граѓани вечерва се собраа пред Собранието во знак на револт поради донесувањето на Законот за јазиците.

протест собрание

Сообраќајот на улицата „11 Октомври“ е блокиран од ТЦ „Палома бјанка“ до крстосницата кај Градска болница.

Протестот почна уште напладне, додека се гласаше Законот. Група од 10 - 15 луѓе со знамиња на Вергина веќе беа пред Собранието, но сообраќајот не беше сопрен.