Протест на „За заедничка Македонија“ во Пехчево
Граѓани на Пехчево обединети од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, вечерва по втор пат излегоа на протестен марш. Тие од протестот порачаа дека само изборите ќе кажат каков план сакаат за Македонија и во каква држава сакаат да живеат Македонците.
- Нема да им помине и да си прават што сакаат од државава. Само на избори ќе му покажеме на Заев дека не е тоа план за Македонија. Ние имаме единствена држава и заедничка Македонија. Тука сме и ќе бидеме тука и утре, нашата цел е да ја сочуваме унитарноста на државава, да не дозволиме да бидеме граѓани од втор ред во нашата држава, да не доволиме јазикот на малцинство да биде службен јазик и со тоа да не дозволиме македонскиот јазик да биде доведен во опасност, бидејќи тој е нашиот идентитет, рече Александар Парасков.
Протестниот марш се одвиваше низ улиците во центарот на Пехчево, а организаторите најавија дека протестите ќе продолжат и утре. Проетсти се одржаа и во Берово.
Ново на Сител
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти