Бизнис
17. October 2017 - 21:40

Протест на вработените во Еурокомпозит - Си ги бараат заостанатите плати и придонеси

Некогашниот гигант, а сега многудецениски македонски загубар, прилепски “Еурокомпозит” продолжува да ја живее својата агонија. Неисполнетите барања на вработените кои во континуитет беа упатувани до сите досегашни влади, денеска ги извадоа работниците на мирен протест на патот Прилеп – Градско, каде сообраќајот беше блокиран во двата правци. Тие го повикуваат новото раководство на Компанијата, како и вице-премиерот Кочо Анѓушев да си достојат на неодамна ветениот Договор.

Разочараните и реолтирани работници, кои во моментов се 270 на број, велат дека со штарјкувањето ќе продолжат до конечното решение на статусот на “Еурокомпозит”, кој е едиинствен загубар во земјава.