Бизнис
27. јуни 2017 - 21:06

Протест на вработените од Колска Велес

Вработените во фабриката за шински возила Колска од Велес половина година живеат без плата. Немаат здравствено осигурување поради што голем дел од работниците се соочуваат со сериозни здравствени последици. Велат дека проблемот со опстанокот на претпријатието се провлекува со години. Со мирен протест пред Владата денеска  го изразија својот револт по што беа повикани претставници од Синдикатот на средба со премиерот Заев.

Од кабинетот на премиерот со соопштение по средбата најавија дека уште денеска ќе почне решавањето на проблемот на вработените и ќе се изнајде трајно решение за статусот на фабриката.Велат дека  по насока на Заев 125те вработени  во најкус можен рок ќе ги добијат одработените плати.

-Претставниците на Синдикатот на фабриката за шински возила Колска велат дека проблеми со платите имаат со години поради несигурниот работен статус и проблемите поврзани со опстанокот на фабриката. Тие посочуваат дека фабриката и е потребна на државата, но според нив, од необјасниви причини, не се користела, додека биле распишувани тендери со странски фирми за одржување на патнички и товарни вагони, тоа што е нивна дејност.

Освен платите,  вработените како решение предлагаат враќање на фабриката во рамки на Јавното претпријатие Македонски железници.

До крајот на неделата Зев ќе одржи и стручни консултации за трајно решавање на статусот на велешка Колска и обезбедување на сигурна егзистенција на работниците.