Свет
27. April 2017 - 17:25

Протест на средношколците во Франција: Ниту Ле Пен, ниту Макрон

Француската полиција денеска употреби солзавец против учениците кои протестираа во Париз против претседателските кандидати Марин Ле Пен и Емануел Маркон, кои влегоа во вториот круг.

Околу 500 средношколци организираа протестен марш, а полицијата реагираше откако тие почнаа да фрлаат шишиња врз полицајците.

Полицијата употреби солзавец и против демонстрантите во градот Рен, западна Франција, каде протестираа околу 2.000 средношколци, студенти и десничарски активисти.

Претходно, во текот на денот учениците ги блокираа влезовите на 20 средни училишта во Париз, барајќи прекин на наставата.

Откако Ле Пен и Макрон влегоаа во вториот круг од претседателските избори во средните училишта ширум Франција се одржуваат протести под мотото „Ниту Ле Пен, ниту Макрон“.