-->
-->
Протест на шпански полицајци
-->
Илјадници шпански полицајци денеска протестираа на централниот плоштад во Мадрид барајќи повисоки плати и подобри услови за работа.
Членовите на шпанската Национална полиција и Цивилната гарда бараат исти плати како што добиваат нивните колеги во каталонската и баскиската област.
Шпанскиот министер за внатрешни работи Хуан Игнацио Зоидо на нивното барање одговори дека ќе бара изедначување на платите во полициските сили до 2018 година. Тој рече дека тоа што го бараат припадниците на Националната полиција и цивилната заштита е праведно, затоа што тие го заслужуваат тоа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари