Балкан
16. February 2017 - 11:37

Протест на пожарникари во Атина

Околу седум илјади пожарникари денеска одржаа протест пред грчкиот Парламент со барање за обнова на нивните петгодишни договори кои наскоро ќе истечат, или за вработување на неодредено време.

Претставници на синдикатите на пожарникарите вчера се сретнаа со претставници на владејачката левичарска партија Сириза и десничарката Независни Грци, но во разговорите не беше постигнат компромис.

Денешниот протест предизвика проблеми во поширокиот центар на Атина.