Македонија
12. November 2015 - 17:14

Протест на медицинскиот персонал во Клиничкиот центар поради застрелувањето на Д-р Огњеновиќ

Јас сум Љубомир Огненовиќ – Со вакви транспарентни и мети за гаѓање , здравствени работници од скопските клиники денеска половина час протестираа во знак на поддршка на повредениот хирург од Дигестивна.

- Сигурни сме дека д-р Љубомир Огњеновиќ брзо ќе се опорави и ќе продолжи како и досега со својата хуманост и знаење да им помага на пациентите. Со верба во него, веруваме и во себе дека заеднички ќе ги надминеме овие моменти и уште посплотени ќе ја продолжиме нашата хумана мисија, изјави Емилија Стојановска од Клиниката за дигестивна хирургија.

Од Синдикатот на скопските клиники кои го организираа протестот велат дека пукањето со огнено оружје во лекар само ја прелеало чашата и ги сплоти вработените во здравството. Бараат системски промени кои вклучуваат закон за докторска дејност, дополнителна работа  без условувања, преиспитување на Мој термин и плаќање по учинок, заштита на достоинството на белиот мантил.

-- Тоа значи дека сме за соработка. Ова е еднодневен протест кој се надеваме дека надлежните институции ќе го разберат и понатаму ќе имаме рамноправна комуникација, изјави Горан Беговиќ, претседател на Синдикатот на скопските клиники.

-Кога ние велевме дека не сакаме чип картички, вие одбравте, кога велевме да не ги уценувате специјализантите, вие одбравте, кога велевме директори не вршете мобинг, вие одбравте , изјави Предраг Серафимовски од Клиника за максилофацијална хирургија.

Вратите на Дигестивна хирургија и денеска се затворени за пациентите. Примаат само итни случаи. Вака според најавите ќе функционираат до утре. Право на искажување на револт на лекарите вчера го поддржа и министерот Тодоров.

Праксата покажува дека дел од она што го бараат лекарите веќе е озаконето. Со месеци се службени лица и напад врз здравствен работник и соработник е кривично дело. Со повелбата што министерството ја донесе заедно со фелата ќе добијат закон за докторска дејност. Во правилникот за хоспитална култура, пак, им е загарантиран правичен однос кој е загарантиран на почит од стран на пациентите. Имаат и право да одбијат да пружат услуга ако има етички или личен конфликт со болниот.

Денеска осуда за инцидентот на Дигестивна испрати и медицинскиот тим на Аџибадем Систина. Сметаат дека здравствените работници тррба да ги имаат сите почести и права за безбедно работење.