Македонија
29. April 2017 - 1:16

Протест на иницијативата „За заедничка Македонија“ пред канцеларијата на ЕУ во Скопје

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва одржа протест пред зградата на ЕУ во Скопје. Според нив, главната причина за ваквиот потег е ставот на ЕУ за вчерашниот обид за државен удар. 
 
Организаторите од иницијативата порачаа дека нема да отстапат од барањата за одржување на нови избори. Велат дека ова што се случува во нашата земја е сценарио за разнебитување на Македонскиот народ и најавија дека со упорност ќе ја вратат Македонија таму каде што припаѓа. Тие го осудија вчерашното насилство, но го осудија и обидот за државен удар. 
 
По завршување на протестот, од Граѓанската иницијатива рекоа дека во деновите кои што следуваат ќе ги најават идните чекори, но потенцираа дека протестите ќе продолжат.