Македонија
24. March 2017 - 21:21

Протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Струмица

Струмичани и вечерва со протестен марш  ја поддржаа граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. 

- Кај граѓаните има насобрано голем гнев последниве три години откако СДСМ и Тирана работат против севкупните македонски интереси. На народот му е доста и од циничното понижување од страна на дипломатите кои лажат дека говорат во име на ЕУ земјите, истакна Јане Ангелов од Струмица.

Граѓаните читаа патриотска поезија и ги повторија пораките за зачувување на унитарноста на Македонија, за нејзиниот идентитет, име, химна, знаме, отфрлање на тиранската платформа и заштита на уставноста и законитоста.  Граѓаните потоа протестираа низ централното градско подрачје.