Протест на албанската опозиција во Тирана
Албанската опозиција, предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша, денеска ќе одржи антивладин протест во Тирана.
Како што јави дописникот на МИА, денешниот собир е најавен како почеток на серијата протести кои, како според Баша, ќе траат се до заминување на „корумпораната Владата“ на премиерот Еди Рама.
Во функција на денешниот протест Баша одржал получасовна средба со претседателите на 53-те разграноци и со пратениците на неговата Демократска партија, на која ги дал последните инструкции за митингот, по кој за 21 декември најавил друг собир, кој, според него, ќе биде „најмасовен до сега“.
- Камбаните бијат за албанските граѓани, за големо обединување на 17 декември пред Парлементот на Албанија, каде бандата криминалци на власт со голем грабеж сака од граѓаните да земе на 600 милиони евра, преку воведените повисоки даноци за 2016 година. Дојдете да им кажеме на криминалците на власт и пратениците-олигарси дека не ги сакаме. Да го кажеме нашето „не“ на кризниот буџет и на неуспехот на оваа Влада на националана катастрофа, изјави Баша најавувајќи ја серијата антивладини протести.
Во меѓувреме амриканската и француската амбасада во Тирана апелираа до своите граѓани кои живеат во Албанија да бидат внимателни и да останат што подалеку од местото на одржување на протестот.
- И мирните протести може да се претворат во насилни, предупрди Американската амбасада.
Француската амбасада пак ги информира своите граѓани за локацијата и часот на одржување на протестот и ги советуваше да бидат „што подалеку од местото на настанот“.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот