Македонија
14. January 2018 - 16:11

Протест: Граѓаните бараат итно решевање на проблемот со загадувањето

Граѓани организирани преку социјалните мрежи околу пладне се собраа на протест пред Владата за чист воздух.

Со маски на лицето и транспаренти во рацете побараа од надлежните да го решат проблемот со загадувањето.

Граѓаните се револтирани зошто неможат нормално да дишат и инсистираат да бидат донесени конкретни мерки кои ќе го намалат загадувањето.

На денешниот протест граѓаните побараа воведување пар – непар во сообраќајот, поголема контрола во работењето на Дрисла и останатите индустриски капацитети како и стопирање на сите градежни активности во главниот град.