Македонија
26. July 2017 - 17:01

Проширен капацитетот на пунктот за бездомни лица во Момин Поток

Сумата од 2 милиони денари кои беа предвидени за дочек на новата година, Градот Скопје ги инвестираше во проширување на пунктот за бездомници во Момин поток.. Наместо 16-мина, сега таму можат да се сместат 32 лица..

Проширен е капацитетот на пунктот за бездомници во Момин поток.. Наместо 16-мина, овде сега можат да се сместат 32 лица.. Зголемувањето на сместувачкиот капацитет е направено со парите наменети за дочекот на 2017-та година.. Во декември лани градските власти одлучија да ја откажат манифестацијата и парите да ги пренаменат за хуманитарни цели..

-Со тие 2 милиони денари, направено е дуплирање на капацитетот на пунктот за бездомници.. Покрај тоа направени се уште три туш кабини, зголменеи се санитарните чворови, исто така купен е целокупниот инвентар, вели Коце Трајановски, Градоначалник на Град Скопје.

Според евиденцијата на Црвениот крст, во Скопје има 170 бездомници од кои 60-мина дневно го посетуваат пунктот во Момин поток..

-Преку зголемувањето на капацитетот на пунктот за берздомници во нашиот главен град навистина ќе го унапредиме системот на поквалитетни социјални сервисни услуги кон лицата кои имаат потреба да бидат згрижени во овој пункт за бездомници, вели Сузана Тунева Пауновска, Секретар на Црвен крст.

Градот Скопје, секоја година одвојува по 500 илјади денари за работата на пунктот за бездомници во Момин поток.. Градоначалникот Трајановски вели дека паралелно се спроведува и проектот за вработувања на бездомни лица во јавните градски претпријатиа..