Просечната нето плата во ноември 22.380 денари
Просечната месечна нето исплатена плата лани во ноември изнесувала 22.380 денари и е за 1,8 отсто повисока во споредба со тој месец од 2015 година, додека просечната бруто плата била 32.877 денари или за 1,9 отсто повисока во однос на претходната година. Во ноември 2016 година 1,4 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година се должи, пред сѐ, на повисоката исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен за 10,5 отсто, Уметност, забава и рекреација за 8 и Градежништво за 7,3 отсто.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 5,1 отсто, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,8 и Земјоделство, шумарство и рибарство за 3,2 отсто.
Зголемувањето, пак, на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, се должи на повисоката просечната месечна бруто-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен за 10,6 проценти, Градежништво 8 и Уметност, забава и рекреација за 7,7 проценти.
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 4,8 отсто, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 3,9 и Земјоделство, шумарство и рибарство од 3,4 отсто.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата