„Пророкот“ на изборите во САД: Трамп или ќе биде сменет или ќе поднесе оставка
Американскиот политички историчар Ален Лихтмен, познат по тоа дека го предвидел изборот на неколку претседатели на САД тврди денеска дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп нејверојатно ќе биде сменет или сам ќе поднесе оставка.
Професорот на Американскиот универзитет во Вашингтон и редовен политички аналитичар на Си-Ен-Ен ова го изјави за турската агенција Анадолија.
Лихтмен на американската и светската јавност и е познат по методите, со кои точно го предвидел исходот на сите претседателски избори во САД од 1984 година.
Станува збор за модел кој го нарекува „Кис“ (Клучеви), со помош на кој ги предвидел победниците на претседателските избори во САД од 1984 до 2012 година, вклучувајќи ги и овогодишните на 8 ноември.
Лихтмен тврди дека кај предвидувањата се потпира на 13 „клучеви“, односно показатели врз основа на ефектите на партијата, која моментално ја „држи“ Белата куќа.
Тој прецизира дека доколку одговорот на шест прашања биде негативен, владејачката партија ќе загуби во трката за претседател.
Прашањата се однесуваат на успесите во економијата, социјалната состојба, надворешната политика, скандалите.
Иако моменталните показатели не укажуваат на тоа дека Трамп може да биде отповикан, Лихтмен вели дека тоа е негова нова прогноза.
- Мислам дека е можно Трамп да биде отповикан или сам да поднесе оставка на првата назнака на проблеми, за тоа постојат добри шанси. Не сум сигурен дека тој всушност ја сака одговорноста на претседател. Освен тоа цел живот игра брзо, ги крши законите, па тоа може да се преслика на неговиот претседателски мандат, оценува тој.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово