Македонија
29. јуни 2016 - 15:08

Пронајдено безживотно тело во бунар во кумановско Доброшане

Пронајдено е безживотно тело во бунар во близина на црквата „Света Мина“ во кумановско Доброшане, потврди Основното јавно обвинителство- Куманово.
 
Телото е пронајдено во утринските часови, а според информации од обвинителството, земени се траги од лице место и подигнат е материјал за вештачење.
 
На местото на настанот денеска беа приустни екипи на обвинителството, припадници на СВР Куманово и на територијалната противпожарна единица.
 
Од Основното јавно обвинителство најавија дека ќе излезат со повеќе информации во текот на денот.