-->
-->
Пронајдени седум мртви бебиња во стан
-->
Хорор го потресе светот. Тела на седум бебиња се пронајдени во стан во Германија. Бебињата биле пронајдени во станот на пар, лоциран на улицата Valenfels, на југот на Германија.
Според податоците од светските медиуми, телата ги откриле лекари кои биле викнати во домашна посета. Според неофицијалните податоци, лекарите наишле на хорор сцена кога во станот затекнале седум безживотни тела на бебенца.
Полицијата допрва треба да ги утврди деталите за тоа во какви околности настанала смртта. Форензичарите се наоѓаат во станот и ја испитуваат ситуацијата.
Според податоците, во станот живеел пар кој има неколку деца од неколку бракови зад себе. За таткото се зборува дека е доста активен по ноќните клубови, во гратчето во кое има 3.000 жители. Сепак, соседите ги опишуваат него и неговата сопруга како добри луѓе.
- Мајката секогаш добро се грижи за нив, вели соседка за германските медиуми.
Во текот на денот ќе се објават резултатите од обдукцијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење