Македонија
24. November 2017 - 12:54

Пронајдени 60 килограми марихуана на стариот пат Охрид - Струга

Околу 60 килограми марихуана се пронајдени синоќа на стариот пат Охрид – Струга, во близина на мостот на река Сатеска, соопшти МВР.

Дрогата била во 59 пакувања ставени во пет торби, а ја пронашле полициски службеници од СВР Охрид и Криминалистичката полиција - Сектор за недозволена трговија со оружје и опасни материи. 

Полициските службеници пронашле и едно пакување со кафеава прашкаста материја која заедно со останатите биле одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

СВР Охрид и Секторот за недозволена трговија преземаат мерки за целосно документирање и расчистување на случајот.