Свет
12. November 2017 - 18:11

Пронајдена праисториска ајкула, стара 80 милиони години: Телото и е како на змија, а потекнува од времето на диносаурусите

Праисториска ајкула е уловена на брегот на португалската покраина Аграва. Овој стар предок на денешните ајкули спаѓа во праисторискиот период, во време од пред 80 милиони години.
Неговото откривање ги зачуди научниците, а тој стана една од најдолго постојаните животни видови на светот.

Многу малку се знае за овој вид на морско куче. Долго е околу 1,5 метри, има змијолико тело, додатни шкрги и дури 300 заби во три реда.

Според истражувачите, ова морско чудовиште е уловено на длабочина од 700 метри.

Меѓутоа, ова не е прв пат луѓето да се сретнуваат со оваа праисториска врста. Минатата година еден примерок беше уловен во Русија. Причината што нивниот контакт со луѓето е толку редок, е тоа што нивното живеалиште е во големите длабочини.

Тие се хранат со лигњи, риби и други ајкули.

Погледнете го видеото: