Македонија
23. March 2018 - 13:17

Пронајдена исчезната штитеничка на домот „Ранка Милановиќ“

Полицијата  вчера ја пронашла С.Р (18) од Велес, штитеничка на домот „Ранка Милановиќ“, што беше пријавена за исчезната пред два дена. 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека С.Р. била пронајдена од полицијата вчера околу 10 часот  на „Јужен булевар“ во Скопје, по што во 12.30 часот била спроведена до домот и предадена на воспитувач.