Македонија
24. February 2018 - 18:02

Пронајден е возачот на возилото кое прегази маж кај Капитол мол

Пронајден и приведен е возачот на автомобилот кој попладнево прегази маж во скопски Аеродром кај Капитол мол, се работи за 28 годишен возач, потврдија од МВР за Скопје 24. Познат е и идентитетот на прегазеното лице, се работи за 66 годишниот А.Н кој им подлегнал на повредите веднаш по несреќата, а смртта е само  констатирана во Ургентниот центар во Скопје.

„На 24.02.2018 година во 14:40 на булевар „Јане Сандански“ во близина на ТЦ Капитол мол, возач на патничко моторно возило марка Пежо, со скопски регистарски ознаки удрил во пешак и истиот го напуштил местото. Пешакот А.Н (66) од Скопје веднаш со возило на Брза помош е префрлен во Ургентен центар каде е констатирана смрт. Кратко по незгодата возачот на пежото А.Р. (28) од Скопје од страна на Алфа тимовите е пронајден и приведен во ПС Гази баба, а пронајдено е и возилото.“ – велат од полицијата.

Со случајот е запознаен и јавниот обвинител и увидот е во тек.