Македонија
5. March 2016 - 16:38

Промовирани 434 нови полициски службеници

Свечена заклетва дадоа нови 434 полицајци по завршувањето од едногодишната обука во центарот за обука Идризово. Кандидатите минаа низ 3 модули, теоретски и практичен дел а сертификатите им беа доделени во присуство на првите луѓе во полицијата. Техничкиот министер им порача секогаш да го имаат на ум значењето на униформата и да не заборават дека граѓаните преку нивните постапки ја оценуваат државата. Спасовски им нагласи дека  стануваат полицајци во исклучително важен момент за опстанок и развој на државата и затоа нивната одговорност е голема .

- Вашата  одговорност ќе биде голема, токму таа е најважната работа што треба да ја манифестира секој граѓанин на нашата земја доколку сакаме побрзо и побезболно да ја надминеме актуелната општествена криза. Верувам дека со начинот на кој ќе ги извршувате вашите работни задачи и со бескомпромисно почитување на законот и професионалните стандарди, ќе покажете дека вие сте таа генерација на полициски службеници која ќе одигра пресудна улога во реформирањето на Министерството за внатрешни работи. токму поради тоа  се заложив сите кандидати што ја поминавте едногодишната обука да бидете промовирани во полициски службеници.

Најдобрите меѓу полицајците велат дека ја минале обуката во одлучни услови со најдобрите ментори и дека ќе се трудат и ќе дадат се да бидат вистински професионалци.

Новите полицајци беа примени со огласот во 2014 кога се бараа нови 400 кандидати. Во Идризово  сеуште на обука се   кандидатите за последниот оглас со кој се бараа 435 извршители само во СКопје и уште 165 полицајци за во другите градови.