Македонија
25. September 2016 - 20:56

Промовирана книга „Патеписците пишуваат за Охрид“

Охрид со векови е инспирација за патниците ,случајните минувачи и туристите, градот под Самоиловата кула е непресушен извор за творење и пишување. Најзначајните историските настани и интересни случки во манастирите и црквите ,изградбата на калдрмата во охридската чаршија е само дел од  она што се случило во изминатите илјада години а е собрано  во најновата  книга Патописците пишуваат за Охрид.

Приказните за древниот Охрид треба да се раскажуваат на туристите и да се користат како туристичка промоција .

Во книгата опфатени се белешките на 21 патописец кои го посетиле Охрид започнувајќи од Евлија Челеби  и  Бранислав Нушиќ па се до Џон Фостер во 1905 година .