Македонија
26. April 2017 - 10:22

Промовиран зборникот„Име од светлина и рани“

Во Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани синоќа беше промовиран зборникот на Македонскиот манифест, насловен „Име од светлина и рани“.

На промоцијата присуствуваа голем број на граѓани на Кочани, а мегу гостите беа и владиците Агатангел и Иларион.

Пред присутните зборникот го промовира Стефан Михов Влахов, кој укажа на одговорноста да се сочува македонското име и јазик и да не се дозволи делби на каков било начин.

Унитарноста на државата, истакна Влахов, е она за што сите ние се залагаме и од Македонскиот манифест, со јасна претстава што сакаме.

За зборникот „Име од светлина и рани“ кој содржи трудови, есеи, отворени писма и реакции, зборуваше нејзиниот уредник Ефтим Клетников. Тој посебно се заблагодари на подршката на владиците Агатангел и Иларион и на печатницата од Кочани за подршката и помошта што ја дале при создавањето и излегувањето на зборникот.