Македонија
24. January 2017 - 8:35

Промоција на Водич низ постојаната поставка на Археолошкиот музеј на Македонија

НУ Археолошки музеј на Македонија денеска ќе промовира Водич низ постојаната археолошка поставка, кој го објави во соработка со Министерството за култура. Промотор на водичот ќе биде проф.д-р Елизабета Димитрова.

Археолошкиот музеј, кој беше отворен во октомври 2014 година, има над 8.000 артефакти. Се простира на три ката и површина од 6.000 квадратни метри. Вредните експонати раскажуваат приказна од  овие простори - од праисторијата - палеолитот (50000 г. п.н.е.) до средниот век. 

Музејот има оддели за праисториска археологија, античка и средновековна археологија, оддел за нумизматика (со над 3000 монети), лапидариум, антрополошка поставка... сето тоа претставено со најсовремена музејска технологија.