Македонија
17. July 2017 - 10:12

Промоција на третиот повик за проектот Странски експерти за домашни компании

Во Владата на Република Македонија денеска ќе биде промовиран третиот јавен повик за проектот Странски експерти за домашни компании на кој ќе се обратат вицепремеирот  за економски прашања Кочо Анѓушев и амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Сибил Сутер Тејада.

По презентацијата на досега остварените резултати од овој проект ќе следува обраќање на претставници на стопанските комори, а потоа излагање ќе имаат и претставници на домашни компании кои веќе ја искористиле странската експертска помош.

На крај на настанот ќе следи обраќање на министрите Зоран Шапуриќ, Зорица Апостолоска, Рамиз Мерко и Аднан Ќахил кои ќе отворат дебата со присутните претставници на стопанските комори и домашните компании.