Македонија
30. July 2016 - 9:10

Промоција на скриените места за прошетки во Крушево

Пред хотелот „Монтана“ во Крушево утринава ќе почне дводневниот настан „Крушево е поубаво пеш...кога ве водат домаќините“ со кој се промовираат нови  прошетки и искуства кои ги носат посетителите на скрените места во Крушево.

Учесниците на настанот ќе может да собираат тревки и шумскиплодови, да дознаат како се одгледува аронија и да ги откријат мистичноста на црквите и влашката традиција.

Настанот е организиран од Институтот за економско истражување и политики од Скопје и „Крушевска жена“ од Крушево.