Бизнис
20. February 2018 - 14:04

Промоција на проектот „Паметна алатка за управување со бизнис“

Подобрување на бизнис климата за работа на малите и средните претпријатија треба да овозможи проектот „Паметна алатка за управување со бизнис“ кој денеска беше промовиран во Скопје. Проектот го имплементира Институтот за обуки „Коцка“ во партнерство со „Македонски развоен центар за граѓански организации“, а е финанисиран од ЕУ преку втората компонента на ИПА програмата за зајакнување на конкурентноста на малите и средни претпријатија.

Координаторот на проектот Столе Горгиев истакна дека главна цел е да се поттикне економијата преку развој и имплементација на бизнис-френдли алатки кои ќе бидат фокусирани посебно на регулативата и на надминување на административните бариери и процедури поврзани со работењето на малите и средни претпријатија (МСП).

- Очекувани резултати се развој на ефикасна пристапна апликација за МСП во вид на платформа во која ќе биде опфатена база на податоци за се што е потребно законски и административно да функционираат МСП, вклучувајќи и можност за преземање документи. Предвидена е и разработка јавниот и граѓанскиот сектор за унапредување на состојбите со МСП, вели меѓу другото Горгиев.

Според проф. Саво Ашталкоски, алатките се добредојдени за МСП за да ги надминат бариерите кои ги поставува пазарот. Податоците ппокажуваат, додава тој, дека овие претпријатија се повеќе насочени кон новите комуникациски средства затоа што се поефтини за нив, а тоа им е важно особено при отпочнувањето на бизнисот, кога располагаат со ограничени ресурси, финансиски и кадровски.

- Голем дел од малите претпријатија пропаѓаат во првата година од нивното формирање, не затоа што идејата била лоша туку затоа што немале капацитет да одговорат на голем дел од барањата на пазарот. Улогата на оваа алатката е токму да им помогне на овие претпријатија, вели Ашталкоски. 

И покрај воведувањето на едношалтерскиот систем за регистрирани на фирми со кои многу работи се олеснети, сепак, како што изјави проф. Татијана Балоска, Законот за трговски друштва содржи и прекршочнми постапки и важно е добро познавање на легислативата.