Промоција на „Мојот непријател Итар Пејо“ од Калина Малеска
Во издание на ИЛИ-ИЛИ, вечер во клубот ГЕМ ќе се одржи промоција на новата збирка раскази на Калина Малеска „Мојот непријател Итар Пејо“.
За книгата ќе зборуваат писателката Оливера Ќорвезироска и професорот Зоран Анчевски.
Книжевната критичарка Ќорвезироска за книгата вели дека е одлична раскажувачка јас-точка на измислен лик сопoстaвен на Итар Пејо, целосно ги освојува читателските симпатии и на распнатото јаже помеѓу измислениот лик и неговиот „непријател“ - фолклорниот херој, еквилибристички вешто го движи исписот на новата можна книжевна вистина.
- Ништо веќе по „Мојот непријател Итар Пејо“ на Калина Малеска нема да биде како што беше со нејзините раскази, но и со приказните на Итар Пејо, зашто, кога и да ги слушнеме ќе знаеме дека еден фиктивен книжевен лик со заборавено име стои како глас и зад неа, но и зад Пејо, како негова заумна мисла, како сенка и како идеја за општа правда и праведност. Како осовременета книжевна вистина за фолклорното наследство, напиша Ќорвезироска.
Малеска е писателка, професорка по книжевност и книжевна критичарка. Ги напишала збирките раскази „Недоразбирања“ и „Именување на инсектот“, романите „Бруно и боите“ и „Призраци со срмени нишки“ и драмата „Случка меѓу настани“.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата