Македонија
16. December 2017 - 13:50

Промоција на книжевен алманах „Есенски креативен мозаик“

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје вечер ќе биде промовиран книжевен алманах „Есенски креативен мозаик“, резултат на поетско книжевната работилница „Есенски креативен мозаик“ што се одржа во октомври годинава.

Работилницата се одржа во четири термини кои беа посветени на практичното пишување поезија, проза и драмски текст, а предавачи беа: м-р Марина Мијаковска, Стефан Марковски и д-р Славчо Ковилоски.

На промоцијата со книжевни творби ќе се претстават единаесет книжевни таленти кои на работилницата активно создаваа поетски творби, кратки раскази и драмски текстови.

Промотори на книжевниот алманах се м-р Марина Мијаковска и д-р Славчо Ковилоски.