Македонија
26. November 2015 - 8:29

Промоција на книгата „Писмото на десетте прсти“ на Сања Атанасовска

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „Писмото на десетте прсти“ од Сања Атанасовска, добитник на наградата „Лесновски ѕвона“ за најдобра дебитантска книга во 2015 година.

За книгата на Атанасовска ќе зборува Братислав Ташковски, а стихови ќе интрепретира актерот Томе Витанов.

Сања Атанасовска (Куманово, 1985) завршила Висока школа за новинарство и работи како новинар. Поезија објавувала на повеќе интернационални поетски сајтови.