Промоција на книга од академик Нада Поп-Јорданова
Во Паркот на книгите вечер од 19 часот ќе биде промовирана најновата книга од академик Нада Поп-Јорданова „Пораки за животот, здравјето, проблемите...“.
Како што објави издавачот „Матица“, авторката во ова дело отвора многу прашања актуелни за современото живеење и воедно дава едноставни, конкретни и концизни одговори.
- Како да ја развиеме емоционалната интелигенција кај младите, дали перфекционизмот е болест, за синдромот на недостиг на внимание, за семејното функционирање, за несоницата на нашето време, дали стравот е само одбрана или..., како да го подобриме емоционалното здравје.... Книгата е наменета за децата и младите, за возрасните и за старите, соопшти „Матица“.
Академик Нада Поп-Јорданова работниот век го помина како професор по медицина, медицинска психологија и етика, невропсихологија и развојна психологија на Клиниката за детски болести во Скопје.
Автор е на тринаесет книги од областа на медицината, како и на бројни статии објавени на повеќе странски јазици. Член е на Светската, Европската и на Њујоршката академија за наука, а за редовен член на МАНУ е избрана во 2012 година. За својата долгогодишна педагошка и научна дејност добитник е на национални и меѓународни признанија.
Книгата „Пораки“ ќе ја промовира академик Катица Ќулафкова.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација