Македонија
14. September 2017 - 9:49

Промоција на качувачки локалитет кај Зелениково, Скопско

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија во соработка со Македонската спортско качувачка федерација денеска ќе промовираат еден од качувачките локалитети во земјава и водич, како дел од активностите за промоција на спортското качување.

Денеска ќе биде промовирана Кадина карпа во близина на Зелениково, која е еден од локалитетите накои е работено за подобрување на условите.

На промоцијата ќе присуствува директорот на АППТ, Александар Донев и членови на Спортската качувачка федерација на Македонија.