Македонија
2. February 2018 - 8:12

Промоција на грантови од проектот „Градиме мостови“

Грантови  во рамки на проектот „Градиме мостови“ ќе бидат промовирани денеска  во средното училиште „Васил Антевски - Дрен“.

Со проектот се поддржуваат заеднички активности во училиштата кои вклучуваат ученици од различни заедници и различни наставни јазици со цел да се зголеми интеракцијата, разбирањето и интеграцијата во училишната средина.

На промоцијата е најавено присуство на министерката за образование и наука Рената Дескоска и шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен.