Македонија
25. December 2015 - 16:55

Промоција на „Енциклопедија на ВМРО 1893-1934 година“

Промовирана првата ,,Енциклопедија на ВМРО(1893-1934), што ја подготвија проф.д-р Никола Жежов, ,проф.д-р Мирјана Нинчоска  и доцент д-р Теон Џинго во издание на ,,Матица македонска,,.

Во ова дело од капитално значење застапени се над три илјади одредници, подредени по азбучен ред, а зад секоја од нив стои една човечка судбина.

Енциклопедијата е сублимат  од долгогодишните истражувања на голем број  историчари и научници, при што се користени и досега необјавени архивски материјали.

Бројните одредници се  богато илустрирани од познатиот македонски ликовен уметник и дизајнер Кочо Фидановски.