Македонија
16. August 2017 - 20:10

Промоција на делото „Коста Шахов - Публицистика“ од Томе Груевски

Ликот и делото на основоположникот на македонскиот печат и новинарство Коста Шахов пренесени во книгата на професорот Томе Груевски. Шахов од Охрид е една подзаборавена но многу значајна личност од македонската национална и културна историја.Тој е неодминлив деец кој е заслужен во неговата работа на полето на новинарството во втората половина на деветнаесетиот век и првите две децении на дваесеттиот век.

Студијата Коста Шахов Публицистика се занимава и со неговиот придонес во македонското револуционерно дело што го започнале плеада македонски национални дејци како што се Даме Груев Гоце Делчев Крсте Мисирков,Петар Поп Арсов и други.

Излегувањето на овој труд е по повод стоипедесетипет годишнина од неговото раѓање и стогодишнината од смртта на Коста Шахов.