Македонија
17. October 2017 - 17:03

Променливото време овозможи брзо ширење на висуси

Со десетина заболени регистрирани во Институтот за јавно здравје почна сезоната на грип. Првите случаи биле пријавени од Тетово и Струмица. Драстичните разлики во температурата и топлото време во октомври според лекарите се погодни за ширење на вирусите. Ова го потврдуваат и гужвите пред амбулантите.  Според нив, најдобра превенција за заштита од грипот е имунизацијата која почнува утре во сите центри за јавно здравје. На граѓаните им се допстапни 28 000 вакцини од кои 5 000 дози се наменети за Скопје. Хронично болни, лица со кардиоваскуларни и респираторни заболувања,  деца со намален имунитет, трудници и постари од 65 години се ранливите групи на кои им се препорачува да се заштитат со вакцинирање.

-Секако дека вакцината се препорачува и на оние кои имаат контакт со поголеми групи на граѓани како што се лекарите кои се директно изложени во контакти со болните. Минатата година околу 1000 здравствени работници примија вакцина против сезонски грип и оваа бројка треба да биде зголемена. Се препорачува и до оние кои работат во јавни установи, вели др. Владимир Миќиќ од Институт за јавно здравје

Епидемиолозите велат дека оние граѓани кои редовно секоја година примаат вакцина имаат помали шанси да заболат од грип. Дури и да го добијат вирусот ќе поминат со полесни симптоми.

Вакцината и годинава е од холандскиот производител Абот и штити од три типа на вирусот согласно препораките на Светската здравствена организација. Минатата сезона заврши со над 30 000 заболени и два смретни случаи. Пикот беше околу новогодишните празници.