Македонија
7. January 2017 - 8:41

Променливо облачно со сончеви периоди и температури под нулата

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 17 до минус осум, а дневната од минус 13 до минус шест степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус 13, а дневната ќе се искачи до минус девет степени.

Во наредните денови  ќе се задржи променливо облачно и многу студено време со услови за провејување на локален слаб снег. Утринските температури  насекаде ќе бидат многу ниски, кога наместа ќе се спуштат и под -20  степени, а дневните ќе бидат во благо покачување.