Македонија
9. May 2017 - 8:13

Променливо облачно и врнежливо време

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој вдолж Повардарието ќе засилува. 

Утринската температура ќе се движи од пет до 12 степени, а дневната температура ќе се движи од 10 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер.

Утринската температрура до 11, а дневната ќе достигне до 18 степени.

Во среда претпладне на запад се уште ќе има локален дожд со слаб интензитет. Од четврток до сабота времето ќе биде стабилно со умерен до засилен јужен ветер и со значителен пораст на дневната температура на воздухот, особено во петок и сабота. Многу топло се очекува да биде во јужните делови и долж Повардарието и температурата на повеќе места ќе достигне над 30 степени.