Македонија
12. September 2017 - 8:40

Променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд

Денеска во Македонија, ќе преовладува променливо облачно време. Претпладне ќе има услови за локален дожд со послаб интензитет. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и југозападен правец.
 
Минималните дневни температури ќе се движат од 3 до 12 степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во пораст и ќе се движи во интервалот од 18 до 31 степен.
 
Во среда ќе има услови за краткотраен локален дожд. Потоа, во наредните денови ќе преовладува стабилно време, и малку посвежо, но и понатаму дневната температура ќе има тенденција во постепен пораст.