Македонија
18. April 2017 - 16:53

Промената на времето за продолжениот празничен викенд најмногу ја почувствуваа хронично болните и децата

Промената на времето ги разболе децата. За време на продолжениот празничен викенд дежурните лекари на Детска клиника само во ноќните часови прегледувале и по 70-тина деца. Речиси сите имале растечен нос, покачена температура и кашлале.

- Честотата, особено на горно респираторните патишта и температурните промени кај децата се почувствуваа и кај тие кои доаѓаа и побараа помош на клиниката. Бидејќи температурата може да биде обична настинка, но некогаш некое дете може подолго време да носи некој инфект и да дојде до посериозна инфекција и не смеете да го занемарите, изјави д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести.

Дел од децата имале и овчи сипаници, а родителите мислеле дека се работи за настинка бидејќи оспипот уште не бил излезен.

- Појавувањето на знаците за овчите сипаници некогаш се неспецифични што може да изманипулира секоја друга симптоматологија и често пати да збуни се додека не излезе осипот, додаде д-р Софијанова.

Доктор Софијанова смета дека најавеното ново заладување ќе ја намали епидемијата на овчи сипаници, која последниот месец зема се поголем замав.